Олимпијакос го освои врвот, Реал си обезбеди предност на домашен терен во плејофот

Половина натпревари од последното коло на Евролигата се одиграа денеска, но двојките за плејофот и плејинот ќе бидат познати утре, по одигрувањето на останатите пет меча.

Од денеска е јасно само дека Олимпијакос го освои првото место по основниот дел и дека заедно со Валенсија и Реал ќе имаат предност на домашен терен во четвртфиналето од плејофот. Олимпијакос на домашен терен ја победи Олимпија Милано со 85-76, додека Реал ја уништи Звезда со 103-82.

Грчкиот шампион сега има две победи повеќе од Валенсија која утре ќе го игра својот меч со Дубаи, додека Реал сигурно ќе биде трет бидејќи е подобар во меѓусебните дуели со Фенербахче и Хапоел Тел Авив.

Европскиот првак Фенербахе ја прекина серијата од пет порази, но утре ќе знае дали ќе биде четврти или петти, откако Хапоел ќе го одигра мечот од последното коло. Јасно е дека Фенер и Хапоел ќе се сретнат во четвртфиналето, без оглед на другите резултати.

РЕЗУЛТАТИ
Асвел - Фенербахче 76-81
Макаби - Виртус 85-89
Олимпијакос - Олимпија Милано 85-76
Партизан - Басконија 91-79
Реал - Црвена Звезда 103-82