Фрајбург повторно ја победи Селта и избори полуфинале во Лига Европа

Фудбалерите ан Фрајбург беа пресилни за Селта виго во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа, па со вкупни 6-1 се пласираа во следната рунда.

Матановиќ во 33. минута го најави новиот триумф за бундеслигашот, додека Сузуки зголеми на 2-0 во 39. минута од натпреварот.

Сузуки го постигна и третиот гол за Фрајбург во 50. минута, по што Сведберг ги постави конечните 1-3 во завршницата.

Фото: Facebook/SC Freiburg