НБА донесе одлука: Дончиќ останува во трка за МВП!

НБА-лигата соопшти дека е прифатена жалбата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој ќе остане во трката за МВП-наградата.

Дончиќ минатата недела побара да не му се сметаат двата пропуштени дуели во декември, кога мораше да замине во татковината поради раѓањето на неговата втора ќерка.

Комисијата на НБА-лигата го прифати неговото барање и на Дончиќ му се сметаат само 16 пропуштени натпревари, што значи дека го исполнува условот да се бори за индивидуални награди.

„Благодарен сум поради фер-одлуката на НБА. Ми беше многу важно да бидам присутен на раѓањето на мојата ќерка во декември и им благодарам на сите кои ми дозволија такво нешто“, објави Дончиќ.