Кадетите го декласираа Косово на Медитеранските игри

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија денеска оствари уште еден триумф на Медитеранските игри, откако славеше со 30-15 против Косово (9-6, 8-5 и 13-4).

Македонија ги доби сите третини, па така заработи максимални пет поени од натпреварот против Косово кој даде поголем отпор само во првата третина.

Кадетите утре ги чека нов предизвик на натпреварувањето, односно ќе се соочат против Романија од 9 часот.

Египет е прв со 23 бодови, по што следи Шпанија со 18,5 поени и еден меч помалку, додека Македонија е трета со 15,5 поени.