Македонските ракометарки ги дознаа противниците на ЕП 2026

Македонските ракометарки денеска на ждрепката во Катовица, Полска ги дознаа ривалите со кои ќе се соочат на Европското првенство, кое се игра од 3 до 20 декември оваа година.

Нашата ракометна репрезентација ќе биде во групата Б со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија со кои ќе играат во романскиот град Клуж.

Европското првенство почнува на 3 декември, а финалето се игра на 20 декември. За Македонија ова ќе биде девето учество, а трето последователно.