Бомба од Шпанија: Меси си купи фудбалски клуб

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси реши да инвестира во фудбалот, односно да го купи УЕ Корнеља, која се натпреварува во петтиот ранг на шпанскиот фудбал.

Корнеља е формирана во 1951 година, која има добра младинска академија, а дел од најпознатите фудбалери кои играле за овој тим се Жорди Алба и Давид Раја.

Меси купи 100 отсто од акциите на клубот и планира да инвестира со цел да го крене тимот во повисок ранг на шпанскиот фудбал.

„Корнеља соопштува дека аргентинскиот фудбалер и освојувач на ‘Златната топка’, Лео Меси ги презема акциите на тимот и стана нов сопственик“, соопштија од екипата.

Фото: Inter Miami/Facebook