Падна и Болоња, Емери ита кон нова титула во Лигата Европа (ВИДЕО)
Неговата Астон Вилаа вечерва ја прегази Болоња со 4-0 и со вкупен резултат 7-1 се пласира во полуфиналето од ова натпреварување. Немаше никакви дилеми околу победникот бидејќи по 39 минути игра, на семафорот веќе стоеше 3-0, благодарение на головите на Воткинс, Буендиа и Роџерс. Точка стави Конса во последните моменти од натпреварот.
Во полуфиналето ќе има англиска пресметка бидејќи Астон Вила ќе се сретне со својот премиерлигашки ривал Нотингем Форест. Поранешниот двоен европски шампион беше подобар од Порто со 1-0 што беше доволно за пласман во следната фаза, по оние 1-1 во првиот меч. Се што беше важно на овој натпревар се случи во првите 12 минути во кои прво Беднарек доби директен црвен картон, а потоа Гибс Вајт погоди за водство и, како што се покажа подоцна, победа за Нотингем Форест.
Изненадување направи Брага која славеше на гостувањето кај Бетис со 4-2 и покрај тоа што по 26 минути игра губеше со 0-2. Антони и Езалзули го донесоа домашниот тим до убедлива предност, но потоа Виктор, Карваљо, Орта и Горби се погрижија за неверојатен пресврт и голем успех на португалскиот тим кој во полуфиналето ќе игра со Фрајбург.