Куп на Македонија: Вардар го брани трофејот, Алкалоид, Пелистер и Охрид напаѓаат!
Ова се очекува да биде еден од најинтересните завршни турнири на ракометниот куп, учесници се најдобрите четири екипи во Македонија од кои секој може да победи секого.
Вардар е бранителот на трофејот, црвено-црните во полуфиналето играат против Алкалоид, тој меч почнува од 20 часот.
Три часа претходно е првото полуфинале, дуелот меѓу Охрид и Пелистер. Неодамна овие две екипи се сретнаа во лигашки меч кога охриѓани со победа си заминаа од Битола.
Финалето се игра во недела со почеток од 20 часот.
Во сабота се полуфиналните натпревари во женска конкуренција. Пелистер игра против Ѓорче Петров од 17 часот, а од 20 ќе се сретнат Спартак и Чаир Скопје. Финалето од женскиот турнир е во недела од 17 часот.