Готово е: Алаба по пет години го напушта Реал Мадрид

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната, откако помина пет сезони во германскиот гигант.

Искусниот фудбалер не ги оправда целосно очекувањата, односно настапи на 129 натпревари, а притоа постигна пет голови и девет асистенции, но често беше повреден и надвор од терените.

Алаба пропушти над 110 натпревари на „кралскиот клуб“ поради повреди, а тоа не е податок со кој сака да се пофали за периодот поминат во Мадрид.

За неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови од Турција, Италија, но и Саудиска Арабија.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.