Милан немилосрден кон Перт - му даде дури девет голови (ВИДЕО)

Поранешниот италијански и европски шампион Милан славеше во пријателски меч против Перт Глори од Австралија со убедливи 9-0.

„Росонерите“ тргнаа фуриозно од самиот старт, па уште во третата минута стрелаа преку Терачино за 1-0, а потоа Окафор додаде два погодоци за водство од 3-0. До крајот на полувремето Комото и Чуквезе погодија за дополнителна предност.

Милан тргна со голем број промени во вториот дел, а во листата на стрелци се запишаа и Леао (два гола), Ричи и Муса.