Сопруга на поранешен кошаркар во НБА била гризната од ајкула!

Сопругата на Данило Галинари, поранешен кошаркар во НБА-лигата, била гризната од ајкула за време на одморот во Порторико.

Несреќата жена имала отворени рани на нога, но во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Галинари во текот на својата 14-годишна НБА-кариера играше за Њујорк никс, Денвер нагетс, Лос Анџелес клиперс, Атланта хокс и други екипи.

Во периодот од 2015 до 2017 година, Галинари му беше соиграч и на Никола Јокиќ во Денвер.