Трагедија: Одбојкарка пронајдена мртва во базен по забава во приватна вила

Италијанската одбојкарка на песок, Симона Чина била пронајдена мртва синоќа во базен по забава во приватна вила во Палермо.

Според првичните информации, 20-годишната девојка паднала во водата и се удавила, а смртта ја потврдиле доктори од Итната помош.

Полицијата, сепак, отвори истрага по трагедијата со цел да го истражи случајот и повеќе детали се очекуваат наскоро.