Јуниорите победија кога беше најважно, утре против Бугарите за опстанок во елитата (ФОТО)
Двете репрезентации имаа свои моменти и се менуваа во водството, а Македонија натпреварот во своја корист го одлучи во последната четвртина кога белгиските кошаркари попуштија и не можеа да го следат темпото.
Почетокот на средбата припадна на Македонија, но набрзо Белгија направи пресврт, па по првиот период имавме негатива од 20-17.
Македонија не дозволи Белгија да се „одлепи“, па брзо во вториот период го вративме водството и на пауза заминавме со „плус едум“ (36-43).
Белгија не се откажа и се врати во третата четвртина, па дури и направи пресврт поведувајќи со 50-49. Неизвесноста беше присутна до крајот на четвртината и во последниот период се влезе со 54-54 на семафорот.
Последната четвртина помина комплетно во доминација на Македонија и од минута во минута нашата предност растеше, па дојдовме и до највисоките 13 поени предност на натпреварот (78-65).
Најефикасен во нашите редови беше Григориј Ѓорѓевиќ, додека по 17 поени постигнаа Никола Јаничиќ и Дарјан Димовски.
За нашите кошаркари сега следи натпреварот со Бугарија во кој ќе треба да победиме за да избориме опстанок во елитата.