
Леклер изненади во Унгарија, ќе стартува прв на Хунгароринг!
Леклер извозе одличен круг во кој и малку ризикуваше со брзината, но на крајот тоа се покажа како исправен потег и утре ќе стартува од првата позиција.
Зад Леклер ќе стартуваат Ландо Норис и Оскар Пјасстри од Мекларен, додека четврти ќе тргне Џорџ Расел. Треба да се каже и дека разликата од првото до четвртото место беше само 0,053 екунди.
Утрешната трка на славната Хунгароринг е закажана за во терминот од 15:00 часот.
Фото: EPA