Стадион на духови: Пред четири години беше дом на врвен фудбал, а денес е како хорор-филм (ВИДЕО)

На југот на Франција се наоѓа стадион на кој пред неколку години се играше врвен фудбал и се собираа илјадници навивачи, но денес ситуацијата е поразлична и фудбалскиот храм изгледа ужасно.

„Стад де Костјер“ во Ним, кој е отворен во 1989 година како нов дом на клубот, го проектираат Виторио Греготи и неговите соработници, а во тој момент изгледаше како интересен спортски објект.

Ним на него помина повеќе од три децении, а таму се играа натпревари кои се запишани во историјата на клубот.

Последниот натпревар на стадионот се одигра на 5 ноември 2022 година против Бордо во Лига 2, кога домаќините триумфираа со 1-0.

Планот беше стадионот да се урне и на него да се изгради нов стадион со капацитет од 15.000 места, но и голем бизнис центар. Сепак, привременото решение се претвори во повеќегодишна агонија.

Стадионот никогаш не се изгради, а проектот заглави во сериозни проблеми. Градот ја одби градежната дозвола, а судските процедури дополнително ја запреа идејата.

Фотографиите и видеата од последниот период покажуваат дека стадионот изгледа како од пост-апокалиптичен филм