Ди Грегорио од Јувентус се пресели во Премиер лигата!
Јувентус ова лето го ангажираше Гиљермо Викарио од Тотнем, а тоа значеше дека ќе нема место меѓу стативите за Ди Грегорио.
Италијанецот денеска комплетираше трансфер, стави потпис на договор со Борнмут.
29-годишниот голман оваа сезона ќе брани на позајмица за која англискиот клуб ќе плати 2,1 милиони евра со вклучени бонуси, а во договорот има и опција за комплетен откуп која изнесува 12,7 милиони евра.