Рустемовски го патосира Зенели и ќе се бори за медал на МИ во Таранто (ВИДЕО)

Македонскиот боксер Ален Рустемовски славеше со нокаут против Ариол Зенели од Албанија во четвртфиналето на Медитеранските игри (МИ) во Таранто.

Рустемовски беше одличен во рингот и со серија на одлични удари го патосира неговиот противник од Албанија, односно со технички нокаут се пласира во следната рунда.

Со овој триумф, Рустемовски си обезбеди полуфинале, каде што ќе се бори против Марин Ернандез од Шпанија утре од 15 часот.