Македонска борачка со најголемата поддршка во Таранто: Со бебето тргна по медал (ВИДЕО)

Македонската борачка Вероника Консевиќ вечерва ќе се бори за бронзен медал во слободен стил во категорија до 57 килограми на Медитеранските игри (МИ) во Таранто, а таму има најголема поддршка.

Консевиќ вечерва ќе се соочи против Милица Перовиќ од Србија, а интересно е тоа што на МИ во Таранто замина со нејзиното 11-месечно бебе кое ѝ дава дополнителна мотивација на македонската борачка.

Борбата меѓу Вероника Консевиќ и Милица Перовиќ е закажана за вечерва од 19.28 часот.