Скандал: Газда на премиерлигаш уапсен поради проституција! (ФОТО)

Бизнисменот и ко-сопственик на клубовите Лидс и Глазгов Ренџерс, Џед Јорк е уапсен во Охајо под обвинение за проституција, а деталите од полициската акција ја шокираа светската спортска јавност.

„Калифорнија Пост“ објави дека американскиот милијардер бил во контакт со женско лице преку сајт за сексуални услуги и требало да ѝ плати 140 долари. Откако направил договор, Јорк пристигнал во кампот „Вит Хил“, каде што го пречекале полицајците и го уапсиле.

Дополнителен проблем за бизнисменот е тоа што му е поднесена и пријава за неовластено поседување на оружје при апсење.

Американските медиуми пишуваат дека тој е пуштен да се брани од слобода откако платил кауција од 5.000 долари, а притоа му биле изречени и казни од 150 долари за нарушување јавен ред и мир, како и 1.000 долари за спорното оружје.