Евролигата ќе се проширува: Во игра се дури 700 милиони евра!

Евролигата соопшти дека 11 кандидати се пласирале во следната фаза на постапката за доделување на долгорочна фран шиза, а вкупната вредност на понудите изнесува дури 700 милиони евра.

Станува збор за процес кој од сезоната 2027/28 треба да додели осум нови долгорочни франшизи, а тоа значи дека проширувањето е сигуро и ќе има најверојатно 24 учесници во елитното натпреварување.

Интерес покажаа дури 20 клубови од Евролигата и Еврокупот, но и нови инвестициски проекти. По почетните проценки, 11 кандидати поминале во следната фаза, додека четири пријави се оставени на чекање.

Покрај европските клубови, интерес покажуваат и тимови од Блискиот Исток, кои имаат и големи буџети за ваков проект.

Евролигат аочекува раст на приходите од 15 отсто во однос на претходната година, додека вредноста на лигата и тимовите до 2027 година се очекува да достигне 4,3 милијарди евра.

Фото: EuroLeague/Facebook