Атлетико има посебен услов за Алварез доколку сака трансфер во Барселона

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез беше главна тема во светот на фудбалот во изминатиот период поради неговата желба да се пресели во Барселона, но Атлетико Мадрид не му дозволи да си го оствари сонот во летниот преоден рок.

Барселона испратила понуда од 100 милиони евра за Алварез, но истата не била доволна за да го убеди раководството на Атлетико да го продаде Аргентинецот, кој мора да остане во Мадрид најмалку до јануари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико е подготвен да го продаде Алварез идното лето за сума помала од откупната клаузула, која изнесува 500 милиони евра, но Аргентинецот мора да исполни еден услов.

Алварез наводно мора да постигне над 20 голови оваа сезона за Атлетико за да може да си замине следното лето за сума помала од пола милијарда евра.