Клоп ги шокира Германците, ќе повика играч кој до пред 15 месеци играше во трета лига!
Поранешниот тренер на Ливерпул, кој повеќе од една година беше без тренерски ангажман, утре ќе го објави својот прв список на фудбалери за натпреварите во Лигата на нации, а веќе е познато дека направил еден изненадувачки потег.
Според информациите што ги објави новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, на списокот на Клоп се нашол Феликс Кајдел, 23-годишен фудбалер на Елверсберг. Наводно, новиот селектор веќе лично разговарал со Кајдел и му потврдил дека следната недела ќе дебитира за националниот тим.
Повикот за Кајдел директно влијае и на позицијата на Џошуа Кимих. Планот е Кајдел да ја преземе позицијата десен бек, што би значело дека Кимих трајно ќе се пресели во средниот ред. Оваа одлука е јасен показател дека Клоп има намера да ги спроведе тактичките промени што ги најавуваше, но и дека има голема доверба во младиот фудбалер на Елверсберг.
Германската јавност е изненадена од овој избор, пред сè поради брзиот подем на Кајдел. Пред само 15 месеци играше во третата лига за Инголштад, а минатото лето за 400.000 евра премина во Елверсберг, со кој обезбеди пласман во Бундеслигата. Кајдел одлично ја започна новата сезона и на првите четири натпревари запиша еден гол и две асистенции.
Реакциите во Германија засега се поделени, а медиумите шпекулираат дека ова не е единственото изненадување што новиот селектор го подготвува на својот прв список на репрезентативци.