Големо признание за Кејн: Англичанецот избран за напаѓач на годината!

Хари Кејн во машка конкуренција и Чарлин Корал кај дамите ги освоија признанијата за најдобри напаѓачи на годината.

Наградите беа доделени на свечената церемонија во Лондон, а во улога на презентери се појавија легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер и актерката Софија Тарнер.

За Кејн, ова е уште едно големо индивидуално признание во кариерата, додека Корал беше наградена за своите настапи во женскиот фудбал.

Фото: Facebook/FC Bayern München