Букајо Сака ја освои наградата „Сократ“ (ФОТО)
Ѕвездата на Арсенал и англиската репрезентација доби награда не само за своите настапи на теренот, туку и за активностите со кои придонесува за цела заедница.
Наградата „Сократ“ е дел од церемонијата за доделување на „Златната топка“ и има цел да ги истакне фудбалерите кои ја користат својата популарност за поддршка на хуманитарни акции.
Фото: Facebook/Arsenal