Проблеми на „Олд Трафорд“: Манчестер јунајтед губи 15-годишно „чудо од дете“
Петнаесетгодишниот фудбалер веќе побарал да ја прекине соработката со клубот, а сега направи уште еден потег кој дополнително ги засили шпекулациите дека неговото заминување од „Олд Трафорд“ е блиску.
Габриел ги избришал фотографиите од својот профил на Инстаграм кои го поврзуваат со Манчестер Јунајтед, а овој негов потег доаѓа само неколку дена откако стана познато дека сака да го напушти клубот.
Една од причините за незадоволството, според англиските медиуми, е неговото отсуство од составот во натпреварот од Лигата на шампионите против Сабах.
Габриел важи за исклучително талентиран фудбалер и во младинските категории на Јунајтед остави сериозен впечаток, а неодамна постигна хет-трик на својот дебитантски настап во УЕФА Лигата на младите.
За неговите услуги интерес претходно покажаа неколку европски гиганти како Барселона, Манчестер Сити и Арсенал.