Фоден дозна колку ќе паузира поради црвениот картон против Јунајтед (ВИДЕО)

Англискиот фудбалски сојуз му изрече суспензија од три натпревари на Фил Фоден поради црвениот картон кој го доби на дербито против Манчестер јунајтед.

Фоден беше казнет поради неспортски потег на дербито во Манчестер кога го шутна Бруно Фернандеш, а поради тоа ќе биде надвор од конкуренција за дуелите против Норич, Сандерленд и Ливерпул.

Манчестер сити и Арсенал се единствени екипи кои имаат четири победи по четири натпревари во Премиер лигата.

Фото: Facebook/ManchesterCity