Во Јунајтед смислија план за повеќе пари, ќе продаваат влезници за гостински натпревари!

Екипата на Манчестер јунајтед освен што работи на засилувања со кои тимот сака да се врати на победничките патеки размислува и на финансискиот дел, а сега раководството добило идеја како да дојде до нов приход.

Имено, според новиот програм навивачите на „црвените ѓаволи“ ќе можат секој гостински натпревар да го гледаат на „Олд Трафорд“ по цена од 29 евра.

Најавите се дека атмосферата ќе биде опшуштена и слична како во паб, а просторот опремен со големи екрани на кои ќе се прикажува натпреварот, исто така ќе се служи и храна.

Предност во купувањето на ваквите влезници на почетокот ќе имаат фановите со сезонски карти и тие веќе можат да си обезбедат место на „Олд Трафорд“ за гостувањата против Фулам, Манчестер сити и Брентфорд.

Фото: Manchester United/X