Перез направи голема промена во Реал Мадрид пред почетокот на новата сезона!

Реал Мадрид во новата сезона ќе има комплетно нов медицински тим, Флорентино Перез ги отпушти сите кои работеа претходно во овој сегмент од клубот.

Поради големиот број на повреди кои Реал Мадрид ги имаше во минатата сезона, но и некои интерни конфликти во медицинскиот тим, Перез ги отпушти сите доктори и физиотерапевти.

Ангажирани се комплетно нов медицински тим, нови физиотерапевти доаѓаат од Барса, Бетис, Гранада и Малага.

Како главен доктор треба да биде Мануел Аројо кој е многу високо ценет.