
Главчев: Задоволен сум од сите момци, создаваме репрезентација со која ќе се гордееме!
Главчев вели дека во оваа фаза не му се важни резултатите, туку сака да се изгради селекција која достојно ќе ја презентира Македонија во наредниот период.
„Горд сум што имаме момци кои сакаат да дадат максимум од себе за оваа репрезентација. Енергијата што беше присутна ги освои срцата на навивачите. Еднаш реков дека императив не ни се победите, туку да направиме кошаркарска репрезентација. Дефинитивно можеме да кажеме дека имаме деца кои ќе бидат дел од нашата кошарка во периодот кои следува. Ако направите анализа на минатото ќе видете дека од овие дванаесет кошаркари само неколку имаа улога во репрезентацијата. Имаме нов тим и расчистуваме со некои минати оптеретувања од оние „Без нас можеби нема да може“, веќе нема да биде така. Можеби на некои позиции сме послаби, ама убеден сум дека децата и луѓето кои стојат зад нив нема да губат надеж и енергија“, рече претседателот на КФМ, Главчев.
„Имав краток состанок со играчите и им ги пренесов импресиите на некои луѓе во салата кои беа одушевени за енергијата и пожртвуваноста. Задоволен сум од виденото на натпреварот. Пред само неколку недели не знаевме кој ќе биде селектор и кои играчи ќе бидат дел од тимот. Во оваа фаза не ни се важни резултатите, важно ни е да изградиме репрезентација која достојно ќе ја презентира Македонија“.