Важеше за еден од најголемите таленти во Англија, сега се пензионира на 29 години!?

Англискиот фудбалер, Деле Али размислува да стави крај на кариерата откако отпадна од плановите на Комо за новата сезона, тој своевремено важеше за еден од најголемите англиски таленти, а сега може да отиде во пензија на 29 години.

Деле Али блесна на фудбалската сцена кога во 2015 година направи трансфер од МК Донс во Тотнем вреден околу 5 милиони фунти.

Особено на високо ниво ја одигра сезоната 2016/17 кога постигна дури 18 погодоци во Премиерлигата иако е фудбалер од средниот ред.

Но, во сезоната по финалето на Тотнем од Лигата на шампионите, формата на Деле Али почна да оди надолу. Тој влезе во расправија најпрво со Маурисио Покетино, дојде Мурињо кој се обиде да го крене, но фудбалерот беше мрзелив, не тренираше и го загуби местото и кај Португалецот.

Деле Али падна и во депресија, доби шанса во Евертон да ја оживее кариерата, но не се случи ниту и таму. Се обиде во Бешикташ не успеа ниту во Турција, по што следуваше пауза од фудбалот.

Минатата сезона прво почна да тренира со Комо, па Фабрегас му даде нова шанса, но Деле Али не успеа ниту на северот од Италија, одигра едвај десетина минути во Серија А.

Последните информации велат дека тој отпаднал од плановите на Комо за новата сезона, добил инструкции да тренира сам, па полека размислува за крај на кариерата и пензија со само 29 години.