Елмас додека чека трансфер одигра едно полувреме за Лајпциг

Додека чека разврска за својата иднина по враќањето во германски Лајпциг, Елиф Елмас ги одработува подготовките со бундеслигашот, а денеска и одигра едно полувреме.

Лајпциг играше против Аталанта и загуби со 1-2 со два гола кои ги прими во финишот од средбата кога погодија Скамака и Бернаскони во 86. и 90. минута. Претходно во првиот дел Опенда стрелаше за германскиот тим.

Елмас на теренот влезе во второто полувреме кога стратегот на Лајпциг комплетно го промени тимот.

Изминатата сезона македонскиот репрезнтативец ја помина во Торино кој преговараше со Лајпциг, но сепак не успеа да пронајде заеднички јазик за откуп на неговиот договор. Последниот клуб со кој се поврзуваше беше шпански Реал Сосиедад.