Елмас пред преселба во Шпанија во тим кој има одлична соработка со неговиот Лајпциг!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, е на добар пат кариерата да за продолжи во шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад како засилување на средниот ред во пресрет на новата сезона.

Според шпанските медиуми, клубот од Сан Себастијан веќе размислува да испрати официјална понуда до Лајпциг, тим со кого имаат одлична соработка и со кого нашиот фудбалер има важечки договор. Спортскиот директор Ерик Бретос и претседателот на клубот, Џокин Аперибаи, сметаат дека Елмас би бил клучно засилување во делот каде што Реал Сосиедад има празнини по неколку заминувања во овој преоден рок.

Елмас и претходно беше поврзуван со трансфер во Шпанија, вклучувајќи го и интересот од Валенсија во зимскиот преоден рок, но тогаш не дојде до договор. Тој последната полусезона ја мина како позајмен играч во Торино, каде одигра 13 натпревари и постигна четири гола. Македонецот, наводно, е заинтересиран да игра во Ла Лига, а според шпанските извори, следните денови ќе бидат клучни за официјализирање на понудата. Тренерот на Реал Сосидедад, Серхио Франциско, веќе дал зелено светло за потенцијалното ангажирање на нашиот Елмас.