Тензија во Уругвај, Валверде беше бесен на потегот на Биелса! (ВИДЕО)

Уругвај го заврши настапот на Мундијалот уште во групната фаза иако групата навидум им беше лесна и место понатаму беше императив.

Откако ремизираа во првите два кола против Саудиска Арабија и Зеленортските Острови, се создаде исклучително лоша атмосфера во селекцијата на Уругвај.

Пред мечот со Шпанија неколку клучни фудбалери имаа состанок со селекторот Марсело Биелса за да ги решат недоразбирањата, но тензијата се прели и на мечот со Шпанија.

Биелса го повлече Валверде од игра уште во 57. минута од натпреварот, а фудбалерот на Реал Мадрид беше бесен на замената. Двајцата не се погледнаа во очи.

По мечот Биелса објасни дека го извадил Валверде со цел да додаде повеќе играчи во нападот.