ФФМ реагира, отворена постапка против Шкупи!

Натпреварот кој екипата на Шкупи го загуби  со 6-1 против Анталијаспор и последните случувања беа аларм Фубалската федерација на Македонија да отвори истрага против чаирчани.

Пред неколку дена Арсими одби да игра контролен натпревар против Шкупи поради сигнали дека натпреварот е наместен да заврши со пораз на Шкупи од пет голови разлика, за потоа со соопштение да реагира и навивачката група „Шверцери“ кои обвинуваа дека новото раководство работи само за личен профит.

Во отворената постапка ФФМ собира важни информации за денешниот натпревар и доколку има доволни докази се очекува да има и реакција и од државните институции, нешто што го побараа навивачите во својата реакција.

Инаку, летово на Чаир пристигнаа повеќе засилувања, но најголем дел од нив дојдоа од германски нисколигаши и тоа предизвика големо незадоволство кај фановите.