
Хамилтон ги шокираше фановите: Бескорисен сум, Ферари треба да ме замени!
Квалификациите беа неизвесни и од првото до четвртото место разликата е само 0.053 секунди, зад Леклер останаа Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Но, за разлика од Леклер вториот болид на Ферари со Хамилтон го освои 12. место. Кога ја дозна позицијата од која ќе тргне во трката Британецот на радиото кратко искоментира: „Секогаш, секогаш!“.
Новинарит по завршувањето на квалификациите ги интересираше што Хамилтон сакаше да каже со тие зборови, а тој одговори.
„Секогаш е до мене. Бескориен сум, целосено сум бескорисен. Проблемот не е во тимот, гледате дека другиот болид заврши на пол-позицијата. Веројатно треба да го заменат возачот“, изјави Хамилтон.
Таквиот одговор ги изненади бројните фанови на Формула 1 бидејќи реткост е Британецот да покаже недостаток на самодоверба.
Фото: EPA