
Пресврт со Нуњез: Гигант од Серија А започна преговори со Ливерпул
Наводно, екипата на Милан е сериозна во намерата да започне преговори за Угуваецот. „Росонерите“ се во потрага по напаѓач, се поврзуваа и со Влаховиќ, но Нуњез би можел да биде полесна мета затоа што Ливерпул сака со уште една продажба да собере дополнителни финансии за доведувањето на Исак.
Нуњез за три сезони во Ливерпул одигра 143 натпреварри во кои постигна 40 голови и запиша 26 асистенции. Најдобриот учинок го имаше во сезоната 2023/2024 кога оствари учинок од 23 гола и додаде 13 асистенции.
Ливерпул во овој преоден рок потроши 309 милиони евра, но исто така и заработи 133 со продажбата, па со парите од Нуњез би имале подобар баланс и можност за нова понуда за Исак откако првата од 120 беше одбиена.
Фото: Liverpool FC/X