Шок на Островот: Ливерпул ги запрел преговорите за трансфер на Исак!?

Англискиот шампион Ливерпул долго време е заинтересирани за шведскиот напаѓач Александар Исак, а и самиот фудбалер покажа интерес да се пресели во гигантот, но „Дејли Мејл“ пишува дека се случил пресврт.

Ливерпул вчера испрати понуда од 138 милиони евра за услугите на Исак, меѓутоа Њукасл ја одби по што „црвените“ решиле да се повлечат од преговорите.

Ова може да биде сериозен проблем за Исак, кој јавно кажа дека сака да игра за Ливерпул, а во меѓувреме Њукасл тргна по потписот на Бенјамин Шешко.

Фото: Facebook/Newcastle