
Уапсена позната американска атлетичарка - го тепала момчето на аеродром!
„Атлетик“ го објави полицискиот извештај според кој пишува дека случајот привремено е затворен, но се открива дека Ричардсон и Колмен имале жестока караница, која преминала во физичка пресметка.
Камерата снимила како Ричардсон неколку пати го удрила и турнала Колмен, додека тој се обидувал да избега, по што полицаецот решил да ја приведе атлетичарката.
Колмен одбил да поднесе пријава и во извештајот е наведено дека се откажал од тужба против неговата девојка, додека Ричардсон била задржана околу 19 часа во притвор.
Фото: EPA PHOTO