
Пресврт на Островот: Јунајтед извиси, Шешко пред трансфер во Њукасл
На сцена стапи Њукасл чие раководство понудило 90 милиони евра за робусниот напаѓач и сега освојувачот на ФА Купот е во пол позиција за неговиот потпис. Јунајтед премногу ги развлече преговорите, новата сезона е на прагот, а од друга страна станува јасно дека Њукасл е во дефицит од напаѓач затоа што е извесно дека Александер Исак ќе си замине и во моментов воопшто не тренира со екипата.
Словенецот треба да донесе нова енергија во екипата, има само 22 години, а веќе е докажан во Бундеслигата и Лигата на шампионите. Висок е, силен, технички поткован и со одлично чувство за гол, силен удар и гладен за големи успеси.
Ако се остварат најавите и трансферот биде реализиран, тој ќе биде најскап во историјата на Њукасл, во историјата на Лајпциг и се разбира во словенечкиот фудбал. Шешко и досега го држеше рекордот во својата татковина бидејќи Лајпциг пред две години му плати 24 милиони евра на својот братски клуб Салцбург. Најскапото засилување на Њукасл е Исак за кого беа платени 70 милиони евра, а најскапата продажба на Лајпциг е Јошко Гвардиол кој во Манчестер Сити замина за 90 милиони.