
Џеко се потсети на војната: Живеевме во страв, не знаевме дали родителите ќе се вратат дома
Џеко зборуваше за преселбата во Фиренца, но и своето детство и воената состојба во Сараево.
„Првата плата ја потрошив на моите родители и сестра. Ги однесов на ручек. Сакав да им вратам за сè што направија за мене. Родителите мораа да одат по храна, а сестра ми и јас ги чекавме и не знаевме дали ќе се вратат. Така човек учи да го почитува нсекој момент зашто ништо не е сигурно“, вели Џеко
Џеко кажа дека не размислувал премногу кога пристигнала понудата од Фиорентина и решил да го облече дресот на калчолигашот.
„Кога дознав за шансата, не барав совети. Знаев што значи Фиорентина. Има голем потенцијал и владее одлична атмосфера во клубот“, додаде босанскиот напаѓач.