По 105 години постоење: Англиски клуб на праг да згасне!

Ужасни вести доаѓаат од Англија пред почетокот на новата сезона, затоа што Моркамб би можел да згасне по 105 години постоење.

Клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми и им се заканува исфрлање во најнизок ранг на натпреварувањето. За да се ослободат од долговите, се разгледуваат други опции како фузија со некој од тимовите.

Лошото управување на менаџментот на екипата во последните две години го донесе англискиот тим на праг до целосен распад.

Минатата година Моркамб испадна од Лига 2, а оваа сезона нема да се натпреварува ниту во петтиот ранг, Националната лига.

Фото: Facebook/Morecambe FC