Ливерпул реши да го урне рекордот - стигна првата официјална понуда за Исак!

Англискиот шампион Ливерпул решил да ангажира големо засилување во нападот, а станува збор за шведскиот напаѓач Александар Исак од Њукасл.

Ливерпул понудил 120 милиони евра плус бонуси, односно сумата требало да достигне неверојатни 138 милиони евра, но тоа не е доволно за Њукасл.

„Црвените“ се решени да ги урнат сите рекорди за Исак, откако претходниот го поставија за Флоријан Вирц чија цена достигна 125 милиони евра.

Гигантот од „Енфилд“ се очекува наскоро се понуди дури 150 милиони евра за потписот на Исак.

Фото: Facebook/Newcastle