Реал во хаос, Ла Лига му го одби барањето за одложување на стартот на сезоната

Екипата на Реал Мадрид нема да има доволно време да се подготви за новата сезона откако Ла Лига денеска му го одби барањето за одложување на натпреварот од првото коло против Осасуна.

Екипата летово учествуваше на Светското клупско првенство кое за неа заврши на 10 јули, а потоа фудбалерите заминаа на одмор по што на тренинзи ќе се вратат на 4 август, две недели пред планираниот меч со Осасуна. Раководството побара од Ла Лига тој меч да биде одложен за една недела, но тоа барање беше одбиено, па прашање е фудбалерите во каква форма ќе влезат во новата сезона.

Денеска Реал го закажа првиот подготвителен натпревар во пресрет на стартот на првенството, против австрискиот Тирол на 12 август во Инсбрук.