Ал Наср станува португалска колонија - доаѓа и Бруно Фернандеш

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш би можел да го напушти Олд Трафорд летово откако за него повторно се заинтересира Ал Наср.

По завршувањето на минатата сезона тој ја одби понудата од овој клуб и објави дека нема намера уште да оди во Саудиска Арабија, но во меѓувреме работите малку се сменија. Прво, Јунајтед не се засили соодветно во летниот преоден рок и е јасно дека повторно нема да биде во конкуренција за трофеите во Англија, а второ, Ал Наср направи неколку потези кои би можеле да го премислат.

На клупата на овој тим дојде славниот португалски стручњак Жорж Жезус со кого Бруно соработуваше во Спортинг, а се пресели и соиграчот од репрезентацијата Жоао Феликс. Бруно би можел да биде четврти Португалец во тимот што би му ја направило средината, а и процесот на аклиматизација многу поинтересен.

Ал Наср неодамна му понуди 70 милиони евра по сезона, можеби сега ќе оди и над таа сума, а и Манчестер Јунајтед добро ќе заработи, барем 120 милиони евра. „А Бола“ тврди дека првите контакти се веќе направени, претставници на клубот имале разговор со Бруно и неговите претставници и може да се очекува преговорите да продолжат и во следниот период.