
Соработникот на Ѓоковиќ откри каква ќе биде улогата на тенисерот во новиот фудбалски проект
Ова лето и други личности од светот на спортот вложија во фудбалски проекти, меѓу нив и Лука Модриќ кој се уште е активен играч, но сепак малкумина очекуваа и Ѓоковиќ да тргне по нивниот пат. Неговиот соработник од компанијата Аутфилд која е официјален сопственик на Ле Ман откри каква ќе му биде улогата во овој проект.
„Новак и останатите познати имиња во спортот кои ги ангажиравме, ја делат нашата визија. Сите тие ќе имаат советодавна улога, но ќе бидат и амбасадори на брендот. Ѓоковиќ треба да го донесе неговиот мајндсет, менталитет и визијата за натпреварувањето на највисоко можно ниво. Тој го сака фудбалот, ова е првпат да инвестира во него и возбуден е поради тоа“, рече Шарл Оливеира.
Покрај Ѓоковиќ, во проектот влегува партнерот на Арина Сабаленка, Јоргос Франгулис, како и поранешните Ф1 возачи Фелипе Маса и Кевин Магнусен.