Телохранителот на Меси доби суспензија - нападнал противнички фудбалери (ВИДЕО)

Менаџментот на американскиот Лига куп (натпреварување во кое учествуваат клубови од САД, Мексико и Канада) му изрече суспензија на телохранителот на Меси, Јасин Чеуко поради непримерно однесување на натпреварот против Атлас во средата.

По неговото завршување, тој ги туркаше фудбалерите на Атлас и ги оневозможуваше да му пријдат на аргентинскиот фудбалер што е недозволиво според правилата.

„По завршувањето на мечот меѓу Интер Мајами и Атлас на 30 јули, член на делегацијата на американскиот клуб покажа непримерно однесување со тоа што влезе во официјалната зона каде не му дозволен влезот. Поради тоа му е изречена суспензија до крајот на оваа сезона во Лига купот“, објави дисциплинската комисија на ова натпреварување, а медиумите подоцна открија дека станува збор за Чеуко.

На него веќе му беше одбиено барањето да остане покрај теренот на натпреварите на Интер Мајами затоа што имаше гаранции дека ниеден навивач нема да му се приближи на Меси. Тоа, сепак, не се случи бидејќи беа забележани најмалку два случаја во МЛС кога навивачи ја пробија оградата и стигнаа до аргентинскиот фудбалер. Интер Мајами има уште два меча за краток период против мексикански екипи на домашен терен, но Чеуко ќе мора да остане на трибина.