Уште тројца отпаднаа, Илиевски одлучи со кои 12 ќе излезе на мегдан со Романија

Новиот селектор на македонската репрезентација Марјан Илиевски ги одбра финалните 12 кои вечерва ќе ѝ се спротивстават на Романија во Куманово.

Последниот филтер не го поминаа Марко Миловановиќ, Марко Луканоски и Никола Василевски кои сепак ќе останат со тимот и ќе го бодрат на вечерашниот меч. Претходно од конкуренција отпаднаа Стефан Стојковиќ и Андреј Андоноски.

Во консултација со стручниот штаб кој го сочинуваат Борче Даскаловски, Мирко Петрески и Миодраг Тодоровиќ се одлучи против Романија да играат: Андреј Магдевски, кој е и нов капитен на репрезентацијата, потоа Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.