Ивановски не издржа и му предаде на првиот носител

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања и тоа во четвртфиналната фаза.

Тој му предаде на првиот носител, Свјатослав Гулин од Русија, во вториот сет, при водство на противникот од 1-0 (6-1) во сетови и 3-1 во вториот сет. Причина за неговата одлука беше повреда која не можеше повеќе да ја издржи.

Засега нема информација за што точно се работи, како и тоа дали повредата ќе го оддалечи нашиот тенисер од терените на подолг период.