Третата етапа од ПМФЛ почна со голем кикс - на голманот на Македонија ЃП (ВИДЕО)
Стружани поведоа уште во седмата минута пред Хамза, но голема благодарност треба да му упатат на голманот на гостинскиот тим Ристо Јанков.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија имаше несреќна реакција, шутот на Хамза не беше толку силен и незгоден, но Јанков не успеа да ја скроти топката, таа од рацете му отиде меѓу нозе и заврши зад гол-линијата.