Како во 2023: Сабаленка и Рибакина ќе се борат за трофејот во Индијан Велс!

Арина Сабаленка и Елена Рибакина се пласираа во финалето на престижниот Мастерс турнир Индијан Велс, тоа е реприза од финалето во 2023 на овој турнир.

Тогаш победи Рибакина, па Сабаленка сега ја доби шансата за одмазда.

Што се однесува до полуфиналните средби на овој турнир, Сабаленка релативно лесно славеше над Ношкова од Чешка со 2-0.

Белоруската тенисерка првиот сет го доби со 6-3, а во вториот беше подобра со 6-4 во меч кој траеше час и половина.

Шампионката од 2023 година, Елена Рибакина со 2-0 ја совлада Свитолина, беше 7-5 во првиот сет, вториот го доби со 6-4.

Денеска на програмата се машките полуфинални двојки, Зверев - Синер и Алкараз - Медведев.